| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 28 луѓе загинаа во два напади на сириската армија

напад

Најмалку 28 лоца загинаа во денешното бомбардирање на сириската армија врз селото Ехсим во провинцијата Идлиб и врз предградие на Дамаск, Дума, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Во нападот врз селото Ехсим загинале 18 луѓе, а во нападот врз Дума загинале 10 лица, мешу кои и две деца, а 50 луѓе се повредени.

– Сириската армија зазеде и кварт на градот Хасака, што пред неколку дена беше освоен од Исламска држава, јави сириската државна телевизија.

Над 230.000 луѓе загинаа во Сирија од почетокот на конфликтот, пред повеќе од четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top