Излегувањето на Грција од еврозоната изгледа неизбежно, но тоа ќе биде можно ако прво Атина побара да ја напушти Европската унија, а останатите земји да го одбрат нејзиното барање, изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јорг Шелинг.
– Последиците за земјите од еврозоната не се толку страшни, колку за Грција. јасно е, дека една земја не може под никакви околности да ја уценува Европската комисија и земјите од еврозоната- посочува Шилинг.
Неговиот француски колега Мишел сапен смета дека судбината на Грција е да остане во еврозоната, и оти ниту една земја не сака таа од неа да излезе.
Тој истакна дека на вчерашната средба на еврогрупата не станувало збор за тоа Грција повеќе да не биде членка на еврозоната, иако не ја исклучи таквата можност како последица на референдумот за барањата за реформи на кредиторите кон официјална Атина во замена за финансиска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



