Во текот на летниот период и времето за одмори, многу производители на автомобили во светот сакаат да бидат конкурентни на пазарот со претставување модели што имаат повеќе функции. Така и „Фолскваген“ ќе се бори на пазарот со комбито „калифорнија“, кое покрај тоа што служи за транспорт на повеќе патници, може да се користи и како возило за кампирање.
Основниот модел на „калифорнија“ има покрив што може да се подигне мануелно и кој служи како спална соба, а, сепак, во исто време може да се превезуваат седум патници.
Во овој модел има и додаток што служи за излет, кој лесно може да се демонтира по потреба, и седишта што се преклопуваат во вратите од багажникот.
Малку подобра верзија е „калифорнија кост“, која има и кујна со простор за готвење и мијалник од не’рѓосувачки челик, шпорет со два две плочи на гас, како и фрижидер од 42 литра. Овој модел има мебел од врвна изработка со алиминум и со дрвени украси.
Најдобра верзија од новото комби „калифорнија“ е „калифорнија океан“, која има двојни прозорци и електричен покрив. Поставено е приспособливо осветлување со ЛЕД, како и грејачи на седиштата.
Во почетокот новото комби на „Фолксваген“ ќе биде понудено со различни ТДИ мотори со зафатнина од 2,0 до 2,5 литри, сила од 83 до 201 коњска сили, додека подоцна во понудата ќе се најдат уште две верзии со 148 и со 201 коњска сила.
Од германската компанија информираат дека се веќе почнати со нарачки на овој модел на возило, а почетната цена изнесува малку повеќе од 41.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст