| четврток, 6 декември 2018 |

Фх3х дел од „Терминатор Генисис“

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на петтото продолжение на легендарниот „Терминатор“, и овојпат со Арнолд Шварценегер.

Филмот е менување на целата поставена рамка на досегашните „Терминатор“ делови со цел да се лансира нова трилогија на филмови. Kyle Reese (Courtney) е пратена назад во времето од John Connor (Jason Clarke) за да ја заштити мајката на Џон, Sarah (Emilia Clarke) која е цел на Терминаторот. Кога тој стигнува на својата дестинација, Рис се сретнува со Сара која е очеличена од борби и која пораснала со застарен T-800 модел на Терминатор, и тројцата се обидуваат да го спречат Судниот Ден.

– На филмот изработивме 7 секвенци, во период од два месеци и екипа од 20 артисти – изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на студиото ФХ3Х.

– Горди сме што учествувавме и на претходниот проект, „Terminator Salvation“, и како потврда за квалитетот на наштата работа, таа соработка продолжува и понатаму. Многу значи работата на ваков култен серијал кој има толкав број на фанови низ целиот свет, почнувајќи од првиот дел The Terminator кој беше прикажан во 1984 година, и кој заработи 78 милиони долари и кој споредбено со последниот и вториот дел заработи 371 и 519 милиони долари. Очекувањата за петтиот дел се навистина големи, и особено е интересно што во него има големи промени во однос на Терминатор митологијата – изјави Даниловски.

Проследувањето на новото продолжение ќе биде возбудливо, особено што едната од промените во филмот е што Џон Конор е делумно човек, делумно робот.

Скопската премиера, 2 јули во „Синеплекс“ e само ден по премиерата во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top