| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите ќе бидат референдум против идејата без работа и труд, со интриги, манипулации и втерување страв дека се победува на избори

vmro4Победата на изборите во април догодина ќе биде историска, оцени премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на големата прослава по повод 25-тиот роденден на партијата.

-Тоа ќе биде вистински историска победа, победа на нашиот наспроти нивниот концепт, тоа ќе биде победа на оние кои работат и даваат резултати и дела, над оние кои работата на интриги и манипулации, победа, на оние кои со континуирани напори низ реформи и промени, ја придвижуваат земјата напред, наспроти оние кои веруваат и се борат преку создаваање криза во земјата, криза во економијата, бркање на инвеститорите кои отвораат нови работни места, да се доберат до власт. Победа на оние кои градат, кои градат патишта, железници, мостови, аеродроми, фабрики, институции, над оние кои прават се да ја запрат таа градба, за преку неа да не се препознае нивната безидејност и неработење во минатото, затоа што народот повеќепати им даваше шанси. Победа на оние кои се трудат да му удоволат на народот преку реализација на ветеното, над оние кои гледаат и очекуваат некои други, како што гордо пишува во СМС пораките Заев до Тачи, некој друг да ги донесе на власт. Не спремаат, вели да не донесат на власт пријателите. Не им е пријател народот, туку некој кој ги спремал за на власт, тој го нарекуваат пријател. И конечно, победа на оние кои веруваат во моќта на народот, над оние кои веруваат дека народот е лесен за манипулирање- порача Груевски.

-Затоа таа победа и тие избори ќе бидат референдум. Тоа ќе биде најважната победа затоа што со таа победа во Македонија ќе се порази идејата да некој без работа и труд, а со интриги и манипулации, со плаќање пари некому нелегално да снима разговори кои подоцна ќе се креираат, сечат, лепат и ставаат во погрешен контекст, со плаќачи на тие пари пари кои имаат свои интереси, со втерување страв кај населението дека против секого имале материјал, ќе се победи на избори. Не народот нема да го дозволи тоа. Ќе интервенира во негова корист, и ќе го запре и казни овој валкан и подмолен обид за доаѓање на власт, затоа што знае дека ако не го запре и казне, ќе го охрабри, и тие луѓе и во иднина ќе се обидуваат да опстојат со истите методи- додаде Груевски во обраќањето на плоштадот ВМРО во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top