Токму во последните 5-6 месеци партијата го пребродува и најголемиот удар зададен досега, на крајно кукавички и манипулативен начин. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создаени дела, со понуда која граѓаните ќе ја отценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши партијата, нанесувајки огромна штета државата и нејзините граѓани, истакна вечерва претседателот на Владата, Никола Груевски.
– Но наместо тоа, почитувани сопартијци, тие ќе се срушат себеси. Сакајки нам да ни направат стапица, потценувајки го македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, потценувајки ја нивната интелегенција и капацитет, влегоа во валкана игра, со која самите влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ оди во нова победа, и по кои Македонија ќе продолжи да оди напред – рече Груевски.
– Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија.
Во овие 5-6 месеци се боревме колку што можевме, издржавме нешто што никој во Европа и во светот не го доживеал и издржал, внимававме да не возвратиме на начин кој некој ќе го злоупотреби против државата, го издржавме најсилниот удар против нас, кои сме трн во окото на противникот, но, за конечна разврска, и прекин на правењето штета на економијата, на отворањето на ннови работни места, на прекин на правењето штета на земјоделците, пензионерите, младите, и на сите граѓани на Македонија, одлучивме, и покрај нашите претходни намери и планови, да ја побараме таа интервенција на народот на предвремени избори за кои ние сме подготвени уште сега, но нашиот противник не прифати, па неможеше да го избегне истото за идната пролет – подвлече премиерот.
Според Груевски во април 2016-та народот преку најсилната досега подршка која ќе ја даде на ВМРО, ќе им објасни на нивните опоненти, дека во денешно време не само што не подлегнува на интриги и манипулации зад кои во голема мера гордо стојат актерите од деведесетитеи и од транзицијата, пропаднати и корумпирани поранешни министри и директори, туку и жестоко ги казнува ваквите обиди, наплаќајки каѓано со рчник на економист, и казнена камата за сиот немир и штета кој овие луѓе заради свои лични интереси и кариери, го направија на целиот народ и целата држава.
– Оваа лекција, конечно и дефинитивно нашиот политички опонент ќе ја научи во април 2016та, а нивните сценаристи ќе мора да прифатат дека овде има народ, 2 милиони луѓе, кои размислуваат со своја глава и свој ум, и во иднина ќе мора многу повеќе да го почитуваат – подвлече Груевски.
– Ние не сакавме и не планиравме да го кратиме мандатот на пола. Свесни сме дека на народот му е преку глава од избори…но оваа игра е така сложена што нам ни е потребна одлучноста на народот на нашите поддржувачи за да се зададе финалниот удар кон заговорниците на насилно доаѓање на власт. И тоа ќе биде громогласен одговор на сите скептици и на сите циници кои одозгора гледаат врз нашиот народ. Драги сопартијци, одиме во голема победа, во победа која ќе се памети после се ова низ што помина нашата земја…победа која заради контекстот кој како причина стои зад предвремените избори, ќе влезе во учебниците и во историјата. Ќе се памти и прераскажува. Ќе се учи, како нетреба во демократско општество да се манипулира и поигрува со вољата и интелегенцијата на народот – истакна претседателот на Владата.
Тој нагласи дека тоа ќе биде вистински историска победа.
– Победа на нашиот наспроти нивниот концепт…тоа ќе биде победа на оние кои работат и даваат резултати и дела, над оние кои работата на интриги и манипулации, победа, на оние кои со континуирани напори низ реформи и промени, ја придвижуваат земјата напред, наспроти оние кои веруваат и се борат преку создаваање криза во земјата, криза во економијата, бркање на инвеститорите кои отвораат нови работни места, да се доберат до власт. Победа на оние кои градат, кои градат патишта, железници, мостови, аеродроми, фабрики, институции, итн, над оние кои прават се, да ја запрат таа градба, за преку неа да не се препознае нивната безидејност и неработење во минатото, затоа што народот повеќепати им даваше шанси. Победа на оние кои се трудат да му удоволат на народот преку реализација на ветеното, над оние кои гледаат и очекуваат некои други, како што гордо пишува во смс пораките Заев до Тачи, некој друг да ги донесе на власт. Не спремаат, вели да не донесат на власт пријателите. Не им е пријател народот, туку некој кој ги спремал за на власт, тој го нарекуваат пријател. И конечно, победа на оние кои веруваат во моќта на народот, над оние кои веруваат дека народот е лесен за манипулирање – заклучи премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски