| четврток, 6 декември 2018 |

Голманот Гачевски ново засилување за Вардар

Голманот на Брегалница Филип Гачевски потпиша тригодишен договор со македонскиот шампион Вардар. „Црвено-црните“ претходно ги ангажираа и напаѓачите Аце Стојков и Бобан Николов и играчот од одбраната Владица Брдаровски, а се очекува да пристигне и Дарко Велковски од Работнички.

Вардар ќе игра во квалификациите за ЛШ, а засилувањата се добредојдени за тешката мисија на македонскиот првак, во обидот да се стаса до фазата по групи во елитното европско натпреврување.

gace

ФОТО: fkvardar.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top