| четврток, 6 декември 2018 |

Закана со бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“

turkish-airlines

Ливче со порака за присуство на бомба денеска е откриено во тоалетот на патничкиот авион на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“, што требало да полета од Истанбул за Њујорк, информира БТА.

Ливчето било откриено откако сите патници се качиле во авионот на превозникот и се извршувале последните проверки пред полетувањето на „Боинг-от 777“ , со 283 патници, од меѓународниот аеродром „Ататурк“.

Сите патници биле принудени да се симнат од авионот.

Авионот бил пренесен на безбедно место на аеродромот, каде полициски екипи почнале да го претресуваат за присуството на бомба, посочува агенцијата Доган.

Ова е последниот од серијата инциденти со вакви бомбашки закани во
авиони на „Туркиш ерлајнс“ во последните неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top