| четврток, 6 декември 2018 |

Чави посакува со европскиот трофеј да се прости од Барселона

Xavi Hernandez farewell ceremony

Капитенот на Барселона, Хавиер Чави Ернандез вечерва ќе го одигра последниот натпревар за каталонскиот тим од кого посакува да се збогува со победа во елитното натпреварување.

Чави и покрај фаворитската улога на неговата екипа, очекува многу тешка со Јувентус.

– Имаме многу тежок противник. Иако многумина мислат дека ние сме апсолутни фаворити, сепак ова е само еден меч и ќе биде тешко да се дојде до целта. Јувентус има квалитетни играчи со неколку искусни фудбалери како што се Буфон и Пирло. Очекувам мојот тим да биде на нивото потребно за освојување на шампионскиот трофеј. Токму со трофејот од Лигата на шампионите сакам да го крунисам мојот престој во Барселона, изјави Чави.

Тој целата негова кариера, од 1998 година ја мина на „Камп Ноу“.

Финалето од ЛШ меѓу Барселона и Јувентус се игра вечерва во Берлин со почеток во 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top