| четврток, 6 декември 2018 |

Уплашени – гостите од Хрватска не дојдоа на „Макфест“

Вечерва се одржува финалето на „Макефест“, а гостите што беа поканети да учествуваат во ревијалниот дел, во последен момент го откажаа своето учество.

За жал, во ревијалниот дел на „Макфест“, иако ги поканивме некогашните учеснички на фестивалот од Сплит, Мери Цетиниќ и Зорица Конџа и првично се согласија да бидат дел од нашето роденденско издание, тие во последен момент го откажаа своето учество, како што рекоа, од безбедносни причини – вели за „Нова Македонија“ Трајче Јованов, технички директор на „Макфест“.

Финалето на јубилејното 30. по ред издание на овој фестивал за забавни мелодии ќе се одржи вечерва во 20.30 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а во живо ќе се пренесува на МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top