| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број разводи во Албанија

Минатата година се смета за „година на разводи“ во Албанија, бидејќи е забележан вистински рекорд на раскинување на бракови, јави дописникот на МИА.

razvod

Податоците на албанскиот Институт за статистика говортат за 4.240 разводи регистрирани минатата година, од кои најголемиот број се во главниот град Тирана.

Растот на бројот на разводи се поврзува со неколку фактори кои ги тераат брачните партнери да се разделат, но како главни причини се посочуваат тешката економска состојба во семејствата, невработеноста и семејното насилство.

– Тренд, кој е постојано во пораст, е и зголемување на бројот на жени кои бараат развод. Кога станува збор за староста на сопружниците кои се разведуваат, најголемиот број се на возраст од 25 до 40 години. Поголемиот број од брачните партнери кои се разведуваат имаат и малолетни деца, наведува весникот „Шекули“.

Разводите во Албанија се феномен во пораст од 2001 година, кога на 100 бракови имало 9,6 разводи, додека сега има 17,8 разводи на 100 бракови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top