На вчерашниот избор за нов претседател на когресот во Цирих, стариот претседател Сеп Блатер доби нов мандат од четири години, иако големите европски репрезентации посакуваа смена на кормилото и завршување на „диктатурата“ на Блатер.
Поранешниот англиски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед Гери Невил, смета дека борбата не е завршена и истакнува дека само револуција што би ја почнале фудбалерите, и тоа главните ѕвезди предводени од Кристијано Роналдо и Лионел Меси, би можела да стави крај на владеењето на Блатер со светскиот фудбал.
– Не знам како би реагирал Блатер, доколку следниот мундијал би се одржал без гланите две ѕвезди на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Не заговарам штрајк на фудбалерите, меѓутоа мислам дека Блатер и ФИФА се ништо доколку немаат поддршка од фудбалерите. Затоа, мислам дека една таква револуција би можела да го промени од корен светскиот фудбал, кој очигледно дека е затруен од мито и корупција – истакнува Гери Невил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


