Американскиот претседател Барак Обама и неговиот поранешен колега Бил Клинтон се шегуваа на „Твитер“ по повод претстојните претседателски избори во САД, на големо воодушевување на нивните следбеници.
Размената на твитовите почна откако Обама отвори профил на „Твитер“ со пораката – Здраво, Твитер. Ова е Барак. Навистина. Шест години тука и конечно ми дадоа свој личен профил. Името на неговиот профил е ПОТУС (кратенка од претседател на Соединетите Американски Држави) и веднаш повлече стотици илјади следбеници, меѓу кои е и поранешниот претседател Клинтон, чија сопруга Хилари се кандидираше, во име на демократите, на претстојните претседателски избори.
Одговарајќи на приклучувањето на Обама на „Твитер“, Клинтон праша дали тој профил на Твитер ќе остане и ако Обама ја напушти Белата куќа.
– Дали корисничкото име оди во пакет со позицијата. Прашувам за пријателката – се пошегувал Клинтон алудирајќи на својата сопруга Хилари.
Обама ја прифати шегата и одговори во ист стил: „Профилот оди со Куќата“ и дека тој (Бил) може да заврши со ФЛОТУС (кратенка за прва дама на САД) мислејќи на Хилари, која може да стане иден американски претседател.
Обама, на својот личен налог, се опиша како татко, сопруг и 44 претседател на САД.
Покрај преписката со Клинтон, Обама размени твитови и со неколку други твитерџии.
Обама се допишуваше со својата сопруга Мишел, неговиот омилен кошаркарски клуб Чикаго Булс, Харвардскиот универзитет, поранешниот претседател Џорџ Буш и други.
Меѓу обие кои го поздравија огласувањето на Обама на „Твитер“ е и потпретседателот Џо Бајден, кој наведе: „Се гледаме во соседството“.
И американскиот државен секретар Џон Кери испрати твит со содржина за големо добредојде на Обама на „Твитер“ и наведе: „Секогаш горд да бидам дел од неговиот кабинетски тим“.
Поздрав стигна и од твитер налогот на глумецот Кевин Спејси: „Добредојдовте ПОТУС. Задоцнивте“, додека пак британскиот новинар и телевизиски водител Пирс Морган му порача на Обама да ја прочита неговата колумна по повод американскиот одговор на Исламската држава.
На Обама му остануваат 20 месеци во Белата куќа, па некои веќе шпекулираат дека новиот профил на Обама на „Твитер“ е негов избор во периодот откако ќе ја заврши претседателската функција во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст