| четврток, 6 декември 2018 |

Березовски уживал во оргии со малолетни девојчиња

Шеесет и седумгодишниот руски олигарх Борис Березовски, кој во саботата беше најден мртов во станот во Лондон, редовно плаќал за сексуални односи со малолетни девојчиња, кои ги носел од источна Европа, пишува британски „Дејли меил“.

Британскиот весник пишува дека Березовски му наредувал на возачот да вози по автопат со брзина од 225 километри на час, а за тоа време тој на задните седишта од неговиот 420 милиони фунти вреден „мајбах“ уживал во сексуалните услуги на малолетни девојчиња.

Извори блиски на истрагата тврдат дека тоа било јавна тајна и дека Березовски ги водел девојчињата во неговата вила или во скапи хотели.

Неговиот возач рекол дека се чувствувал лошо поради начинот на кој Березовски постапувал со девојчињата затоа што некои од нив биле на возраст како и неговата ќерка.

Тој признава дека често им купувал на девојките и им доставувал пликоа со пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top