| четврток, 6 декември 2018 |

Реал ги засилува своите редови со Златан Ибрахимовиќ?!

Зад Реал Мадрид е разочарувачка сезона без ниту еден освоен трофеј. Богатиот клуб ги разочара своите навивачи ширум светот заостанувајќи зад големиот каталонски конкурент екипата на Барселоа која може оваа сезона да се заќити со сите три титули. Барса веќе го освои шампионатот на Шпанија, а ќе игра и во финалињата од Лигата на шампионите и Купот на Шпанија.
За таа цел претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез посакува уште повеќе да го засили својот тим и да конкурира на фантастичното трио на Барселона, Меси-Нејмар-Суарез кој оваа сезона веќе постигна преку 100 гола.
Перез сака да состави слично трио кое покрај Бејл и Роналдо во нападот би го додал и Златан Ибрахимовиќ.

Шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека Флорентино Перез размислува за Ибракадабра. Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ би можел да си замине од ПСЖ, со оглед дека имаше испад со кој ја понижи Франција во една несреќна изјава, па сега има и фракции кои не го поддржуваат неговото останување на „Паркот на принцовите“. Тоа сака да го искористи Флорентино Перез и да го доведе Златан Ибрахимовиќ на „Сантијаго Бернабеу“. Би било тоа нов голем предизвик и за шведскиот ас, кој во минатото не се докажа и неславно си замина од редовите на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top