Во Австралија каде се подготвува нов закон за одземање на австралиското државјанство од лица со двојно државјанство, кои се осомничени за тероризам денеска беше назначен координатор за борба против тероризмот.
За координатор за борбата против тероризмот е назначен поранешниот амбасадор во Индонезија и Иран, Грег Мориарти.
Слично како и во многу други земји и во Австралија е зајакната внатрешната закана од екстремисти, родени на нејзина територија и осомничени дека подготвуваат напади.
Изминатите месеци беше соопштено за неколку осуетени заговори, инспирирани од сунитската екстремистичка групација Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.