| четврток, 6 декември 2018 |

Галатасарај на Пандев стигна до титула

pandev-isi-bitti-5363903
Македонскиот интернационалец иако немаше успешна епизода во турскиот тим Галатасарај, сепак на крајот ќе замине со титула. По победата од 2:0 над големиот ривал Бешикташ, Галатасарај сега дојде до 76 поени со што имаат шест повеќе во однос на Фенербахче, кој има и натпревар помалку. На тимот на Хамза Хамзаоглу, му е потребен само еден поен на гостувањето во Ризеспор, за да дојдат до нов наслов во Турција. Нашиот поранешен репрезентативец не беше повикан за овој меч и како што е познато од следната сезона ќе настапува за екипата на Џенова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top