| четврток, 6 декември 2018 |

„Ајфон“ нема да го одржи духот на Стив Џобс

Според пишувањето на тајванскиот портал „Дигитајмс“, неговите извори меѓу набавувачите на компоненти откриле дека, освен подобрените процесор и камера, новиот „ајфон“ нема да има никакви дополнителни „физички“ карактеристики, ниту хардверски ниту според надворешниот изглед.

Истиот извор потврдува дека компонентите за идната генерација на „ајфон“ ќе почнат да се испорачуваат кон крајот на мај, што би значело дека телефоните ќе се најдат  на пазарот во третиот квартал на 2013 година.

Доколку ова е вистина, очигледно е дека „ајфон 5С“ нема да го одржи духот на Стив Џобс, кој со секој нов уред носеше нешто ново и оригинално бидејќи нешто помоќен процесор и подобра камера сигурно не е доволно за да нѐ увери дека овој уред ќе може успешно да се бори со новиот „галакси С“ или „ХТЦ Оне“.

Секако, гласините се едно, а реалноста е друго, па доволно е „Епл“ да измисли некоја нова единствена софтверска функција во надградбата на iOS 6 за iP 5S, која ќе ја одржи приказната за посебноста на нивното име, па веќе никој нема да се буни доколку хардверските надградби се помали од очекувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top