Вчеравечер во Скопје се одржа премиерата на „Земја на иднината“ (Tomorrowland: A World Beyond), проект на кој како дел од екипата на најстарата, најголемата и најистакнатата компанија „Industrial Light & Magic“, работеше и македонската компанија ФХ3Х.
На проектот работеа 70 артисти и, според зборовите на Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на ФХ3Х, ова е најобемен проект досега во целото нивно работење.
– Работењето на „Земја на иднината“ за нас претставуваше посебно задоволство, бидејќи работевме како дел од тимот на „Industrial Light & Magic“ и во нашата долгогодишна соработка, ова беше најобемниот проект. Вкупно 70 наши артисти работеа во текот на девет месеци. Се работи за еден особено интересен, ретрофутуристички филм, со исклучителна динамика, кој ќе успее да ви го задржи вниманието во текот на двата часа прикажување – изјави Даниловски.
Режисерот ветеран на студиото „Пиксар“ (Pixar), Бред Брд (Brad Bird) заедно со сценаристот и продуцент Дејмон Линделоф (Damon Lindelof) ја создадоа оваа оригинална авантура „Земја на иднината“ (Tomorrowland: A World Beyond), проект, кој енергијата за својата динамика ја црпи од фантазијата.
Џорџ Клуни (George Clooney) ја игра улогата на Френк Вокер, измачен од славата што ја имал како дете гениј, кој не одолева на шармот на умната, научно свесна и љубопитна тинејџерка Кејси Њутон (Britt Roberston), да се вратат во мистериозниот свет наречен „Tomorrowland“ – Земја на иднината.
Според критиката, следејќи ја максимата дека „Фантазијата е поважна од знаењето“, овој футуристички метрополис лоциран некаде во просторот и времето е земја за развој на оптимизмот, лишен од политички дистракции и физички ограничувања. Првично замислен да биде утописко засолниште за планетата Земја, на Tomorrowland му се менува намената во рацете на тивката закана во ликот на Никс (Hugh Laurie), што ги предизвикува Френк и Кејси да почнат опасна мисија за промена на светот.
Клуни и Робертсон се покажуваат во одлично светло како протагонисти, иако малку засенети од актерката Рафеј Касиди, која се појавува како лик од минатото на Френк.
Токму фокусот на топлата човечка интеракција во филмот, се наведува, го прави да се издвои од мноштвото, филм што ја пренесува пораката, но кој со својата динамика доминира на филмскиот екран. Целосен во својата природа и неограничен во прогресивното размислување и дизајнот, филмот е нималку нежно будење и соочување со фактот дека светот, и покрај тоа што е мал, е далеку од работ на истребување.
Пораката на филмот е за почит. Живееме во време доминирано од страв – политиката не ни нуди надеж, тие предупредуваат на претерани закани и несреќи. Филмот ја проповеда моќта на надежта, на соништата, тоа е тој тип филмови во кои кај секој актер се пали некоја искра во очите. Тие си оптимисти, сонувачи и ни го пренесуваат тоа нам, нивната публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст