Овој модел сѐ уште е прототип, но од „Мерцедес“ најавуваат дека изгледот на каросеријата е многу блиску до сериски автомобил.
„Кросовер мерцедес ГЛЦ“, всушност, е купе-верзија на втората генерација на моделот ГЛЦ, кој под новото име треба да се појави за неколку месеци. Сериското производство на овој автомобил се очекува да почне кон крајот на 2015 година, а првите модели на пазарот ќе излезат на почетокот на 2016 година.
Повеќето критичари што беа присутни на Саемот во Шангај се согласуваат дека неговата каросерија има видно подобри пропорции од каросеријата на поголемиот модел „ГЛЕ купе“ со кој „Мерцедес“ му се спротивставува на „БМВ Икс 6“.
Помалата варијанта на „мерцедес ГЛЦ купе“ во оваа форма на прототип е опремена со битурбомотор со шест цилиндри, кој развива 367 коњски сили и 520 њутн-метри најголем вртежен момент. Овој мотор ќе се нуди како втора опција за „ГЛЦ купе“ бидејќи „Мерцедес“ најави дека, сепак, во „мерцедес АМГ ГЛЦ 63 купе“ ќе биде вграден најсилниот мотор.
Од фабриката сѐ уште нема одговор дали серискиот автомобил ќе ја задржи задната линија и четирите завршоци на издувниот систем, кои можат да се видат на прототипот, но со сигурност ќе претрпат измени рачките на вратите, како и куќиштата на ретровизорите, кои треба да добијат нов дизајн.
Тркалата треба да бидат намалени, а и браниците ќе претрпат некои измени. Сѐ друго, што се однесува до каросерискиот изглед, серискиот „ГЛЦ купе“ би требало да го задржи исто како на неговата концептна верзија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст