| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски изрази почит и благодарност за сите припадници на полицијата

Macedonian police engaged in action against alleged armed group, reports say

Никола Груевски, премиерот на Република Македонија изрази почит и благодарност за сите припадници на полицијата.

– Професионалните лица со кои вчера имав комуникација операцијата во Куманово ја оценија како најтешка, најкомплицирана  и најсериозна оперција досега на единиците на МВР. Сакам да ја потенцирам и несебичната помош на лекарите, кои вчера и денеска, неуморно и професионално се вложија себеси. Благодарност до сите граѓани на Македонија од сите вери и етникуми кои ја задржаа присебноста и самоконтролата. Вчера некои медиуми и поединци пуштаа шпекулации. Но, граѓаните Албанци во Македонија не наседнаа на провокации, а терористичката група не доби поддршка од локалното население. Ова не е македонско-албански судир, туку судир на оние кои и не и сакаат добро на државата и на граѓаните – рече Груевски вчера во обраќањето од Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top