| четврток, 6 декември 2018 |

Што објавувал убиениот командант Фадиљ на ФБ?

Еден  од членовите на терористичката група за кого вчера беше објавено дека бил убиен во судирот со македонските специјалци имал различни  статуси на фејсбук и интересни слики со него има и  на твитер.

fadil za vladata

 

 

Фадиљ Фејзулаху за кого косовските медиуми тврдат дека е ранет но жив на својот фејсбук профил објавувал вести за Албанци жртви на УДБА, за состојбите во Косово , за косовскиот Имам Ѓилани кој по втората светска војна бил лидер на муслиманите во Македонија, вести за критики на македонската влада но и вести поврзани со „бомбите“ на Заев.

 

fadilj fejzulahu na fejsbuk fan na zaev
Меѓу другите вести за „бомбите“ на СДСМ Фејзулаху шерувал вест за најавените информации дека Заев ќе објави вести поврзани со случаите Бродец, убиството на Харун Алиу и Случајот Монструм.
Фејзулаху редовно објавувал и вести поврзани со активности на УЧК на Косово и за дискриминација на Албанци од страна на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ.

 

fejzuhalu za romite
Фејзулаху нема профил на Твитер но негова слика со екс амбасадорот на САД во Скопје Пол Волерс снимена минатата година може да се најде вчера и денеска на оваа социјална мрежа. Сликата ја објавуваат негови приврзаници кои што најверојатно сакаат да покажат дека тој бил близок со американски дипломати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top