| четврток, 6 декември 2018 |

Се расчистуваат наносите околу бањата „Стрновац“

pcinja

Екипите на Јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане интензивно работат на расчистување на наносите околу бањата „Стрновац“, предизивкани од поплавите што ја зафатија таа  општина во изминатиот период. Директорот на ЈКП „Козјак“, Борко Соколовиќ, денеска изјави дека целосно се заманети одводните цевки од двата базени на Стрновац кои водат до реката Пчиња.

– На тој начин речиси целосно сме подготвени за претстојната сезона за капење во бањата која започнува од средината на мај. Наскоро ќе поставиме и заштитна ограда – рече Соколовиќ.

Првите капачи во бањата веќе почнаа да пристигнуваат. Соколовиќ информираше дека водата е добра за капење, што е потврдено со извршените испитувања  во Центарот за јавно здравје – Куманово.
Двата базена со топла вода од 39,5  Целзиусови степени привлекуваат туристи од речиси сите градови од Македонија, но и од југот на Србија. Од ЈПК „Козјак“ од Старо Нагоричане информираат  дека и годинава останува симболичната цена од 50 денари за капење во базените со топла вода за која постои верување дека лекува од ревматски и други видови аболувања.
Водата од Стрновац извира од длабочина од 200 метри природно, без пумпи. Водата во оваа бања првпат избила на површина во осумдесетите години од минатиот век и оттогаш наваму масовно ја посетуваат жителите на регионот, но и од соседна Србија. ЈПК „Козјак“ стопанисува со бањата Стрновац веќе две години со одлука на Советот на општина Старо Нагоричане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top