| четврток, 6 декември 2018 |

Нѐ чека топло долго лето, целосна спротивност од лани

Dojran-4

Познатата американски метеоролошка фирма „Акуведер“ (AccuWeather) ги објави најновите прогнози за претстојната летна сезона во Европа. Според нив, во овој дел од Европа ќе биде најжешко, а летото ќе се карактеризира со висока температура и со суша.

0010007.48

Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година кога беше исклучително дождливо во нашиот регион.

Имајќи предвид дека лани ова време „Акуведер“ ги најави дождовите, се очекува и оваа година прогнозата да е прецизна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top