| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на патници на „Визер“ за 23 отсто во април

визер

Во април нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ додаде два нови авиони „А320“ во својата флота и најави натамошен развој на своето работење преку воведување опција за селекција на седиште на сите правци од мај 2015 година.

Од компанијата најавуваат и 21 база во Лублин, Полска, отворање во септември 2015, воведување летови до Исланд во јули, која е 38. земја во која работи „Визер“, и создавање нова програма за млади пилоти.

Компанијата соопшти дека управувајќи со 57 авиони „ербас A320“, нуди над 380 рути од 21 база, поврзувајќи 112 дестинации низ 38 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top