Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА КЛУЧКИТЕ ПЕТРОВЕЦ И КАТЛАНОВО
Според информацијата од ЈП за државни патишта, од понеделник, 27.04.2015 година, 12 часот на клучките Петровец и Катланово во функција е нов режим на сообраќај. Измените во рамките на сообраќајот се следни:
- Клучка Петровец:
- Исклучувањето и приклучување на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши пред наплатна станица Петровец.
- Исклучувањето и приклучувањето на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Велес – Скопје, ќе се врши после наплатна станица Петровец.
- Клучка Катланово:
- Исклучувањето од автопатот А1 кон Катланово, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши по постоечкиот крак за исклучување. Приклучувањето на автопатот А1 од Катланово кон Велес се забранува, односно се затвара кракот за приклучување на автопатот А1, во правец кон Велес.
- Исклучувањето од автопатот А1, од Велес кон Катланово, на патниот правец Велес – Скопје, се забранува, односно се затвара кракот за Катланово. Приклучувањето кон автопатот А1, од Катланово кон Скопје, ќе се врши по постоечкиот крак за приклучување
Се известуваат корисниците на автопатот дека сите возила кои поминуваат низ наплатна станица Петровец треба да плаќаат патарина, освен возилата кои се ослободени од плаќање патарина согласно Законот за јавните патишта.
Возилата кои нема да платат патарина ќе бидат третирани како возила кои одбиле да платат патарина и за нив ќе бидат применети казнените одредби од Законот за јавните патишта.
ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: На патниот правец Р-1107 Прилеп – Витолиште, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато.
На патниот правец Р-1303 Прилеп – Македонски Брод, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
РАБОТИ НА ПАТ:
– Синохидро Корпорејшн Лимитед Пекинг, подружница Скопје, како главен изведувач на градежните работи на автопатот Миладиновци – Штип, информира дека неговиот подизведувач ГД Гранит АД Скопје, кој ги изведува градежните работи на секцијата Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00, од 04.05.2015 (понеделник) планира целосно затворање на сообраќајот на секцијата Свети Николе – Штип од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојна клучка Кадрифаково). Целокупниот сообраќај ќе биде пренасочен кон Регионалниот пат Р1204.
Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на сообраќај број 1005 од 28 мај 2014, издадено од Министерството за транспорт и врски Скопје.
Привремениот сообраќаен режим ќе биде во сила се додека ГД Гранит АД Скопје има потреба од ваков тип на режим за изведување на своите градежни работи.
– АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.
Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.
– Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
– Од 12.01.2015 се изведуваат работи на државниот пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот и се очекува да траат до 12.06.2015 год.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини има зголемена фреквенција на возило, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.