| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Јовановски нов Генерален секретар на КФМ

Познатиот македонски кошаркар Дејан Јовановски ќе биде новиот Генерален секретар на македонската кошаркарска федерација и десна рака на новиот претседател Петар Наумоски.

Долгогодишниот репрезентативец и претходно беше споменуван како сериозен кандидат за оваа функција, а сега со новите промени во КФМ ќе добие шанса да биде прв оперативец во македонската куќа на кошарката.

Јовановски ќе го замени досегашниот ген-сек Дејан Лекиќ.

kfm

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top