| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ три месеци во тага, вети дека ќе си ја врати УБК

СДСМ во тажна, но достојна атмосфера одбележаа тримесечје од губењето на контролата врз прислушувањето. На истек на третиот месец од апсењето на Верушевски и акцијата „Пуч“, повторно си дадоа збор „Ќе ја вратиме контролата врз УБК и МВР“. Уште еднаш се потврди тежината на поговорката „Да имаш, па да немаш“. СДСМ не може без шпионирање и прислушување, па тоа ти е.

kontrola

kontrola 3

Тажанката ја потврди и Тито Петковски, кој признава дека никогаш толку долго не останал  без увид за она што мислат за него во СДСМ. Уште од времето кога од бината во Аеродром порачуваше дека „Ниту кожени гаќи нема да го спасат СДСМ“

tito

Во меѓувреме, Заев како да влета во погрешна временска машина.

Прво, ги измеша лентите околу „Сопот“. Ај што случајот Сопот е во време на Хари Костов, туку и втор сведок во случајот е другарот на Заев- Верушевски,  за кого обвинетите велат дека е „човекот кој ги мачел“;

kontrola5

Па, потоа плукаше врз „гласачката машинерија“ на СДСМ за закон за кој гласале половина од тие што стојат зад него;

kontrola 6

И на крај, за неверица е дека успеале да го убедат дека користењето на Ексел е вештина на разузнавачите кои како најстрого доверлива тајна ја пренесуваат од колено на колено! Ај што МВР оддамна не користи Ексел, туку и екселот напреднал. Ако ништо друго, Заев нека се распраша низ штабот додека пие кафе со повисоки инстанци, можеби имаат увид кога има упис за напредни курсеви.

kontrola 4

Петел Бодичек


***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top