| четврток, 6 декември 2018 |

Израелската авијација убила четворица џихадисти на Голанската Висорамнина

Golan Heights road signИзраелската авијација извела воздушен напад врз позициите на една милитантна исламистичка група, во регионот на израелско-сириската граница на Голанската Висорамнина и уби четворица џихадисти,вооружени со бомби и експлозив. Израелската воена команда вели дека станувало збир за терористичка група која се подготвувала да изведе бомбашки напад врз израелските трупи, но дека со интервенцијата на израелската авијација,заканата била „неутрализирана„.
Терористите биле забележани како поставуваат експлозив на оградата на граничната линија кај месноста Мајдал Шамс. Не се соопштени детали за тоа дали тие се дел од групите кои војуваат во Сирија. Во јануари годинава, еден генерал на иранската Републиканска гарда и шестмина припадници на милитантната проиранска шиитска група Хезболах, беа убени на Голанската Висорамнина, во еден ваков сличен воздушен напад на израелската авијација.
Најновиот инцидент со четворицата џихадисти се случил близу до посматрачката станица, од каде израелските војници ја надгледуваат демилитаризираната зона на Голан, што е под контрола на Израел од 1967 година и јунската војна меѓу Израелците и Сирија, Јордан и Египет. Воен извор за весникот „Хаарец„ изјавил дека во тој реон имало борби меѓу сириските владини сили и џихадистите од групата Ал Нусра која е сириска филијала на Ал Каеда, но дека Израел не сака да се меша во судирите на завојуваните страни во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top