| четврток, 6 декември 2018 |

Пееме на англиски, но музиката ни е македонска

Са­ма­та цен­зу­ра на ра­ди­о­ста­ни­ци­те, кои не нѐ вбро­ју­ва­ат во ма­ке­дон­ска му­зи­ка, а ре­ал­но сме ма­ке­дон­ска му­зи­ка, е одраз на тоа де­ка не сме до­вол­но слу­ша­ни од до­маш­на­та пуб­ли­ка, сме­та Или­ев­ски

По­ра­ка­та што ја ис­пра­ќа осво­ју­вач­ки­от лав (Con­qu­­e­ring lion), сим­бол и ме­та­фо­ра за пос­лед­ни­от цар на Ети­о­пи­ја, Хај­ле Се­ла­сие, чо­ве­кот кој се оби­дел да ја обе­ди­ни це­ла Афри­ка со апе­лот за мир, љу­бов и за единс­тво, е ток­му она што се пре­не­су­ва пре­ку му­зи­ка­та на исто­и­ме­на­та те­тов­ска гру­па. Со­ста­вен од се­дум­ми­на мла­ди мом­ци во­де­ни од иста мис­ла, „Кон­кве­ринг ла­јон“ (Conquering lion) е единс­тве­на­та ма­ке­дон­ска даб-ре­ге-хард­кор гру­па, а на му­зич­ка­та сце­на оп­сто­ју­ва од 2007 го­ди­на.

„Кон­кве­ринг ла­јон“ го со­чи­ну­ва­ат:

  • Сте­фан Или­ев­ски (Ма­не Рутс­ман)
    – тром­бон, во­кал, ги­та­ра
  • Бо­јан Ра­фај­лов­ски (Happy)
    – ги­та­ра, во­кал
  • Де­јан До­јев­ски (Па­пак)
    – бас ги­та­ра
  • Јо­ван Сте­па­но­виќ (Кон­дур)
    – пер­ку­сии
  • Але­ксан­дар Ге­ор­ги­а­дис (Ке­ла)
    – та­па­ни
  • Игор Рен­да­ков (Спа­нац)
    – тон-мај­стор и ефе­кти
  • Бо­јан Бо­жи­нов­ски
    – кла­ви­ја­ту­ра

 

Прос­ла­ви­вте осум го­ди­ни од по­сто­е­ње­то на гру­па­та. Ре­ткост е не­ко­ја не­ко­мер­ци­јал­на гру­па да оп­сто­ју­ва тол­ку дол­го на на­ша­та сце­на, ко­ја не е са­мо ма­ла, ту­ку и ед­но­лич­на. Ка­ко из­др­жу­ва­те?
Или­ев­ски: Не е лес­но да се из­др­жи тол­ку вре­ме на сце­на, осо­бе­но по тол­ку про­ме­ни на чле­но­ви­те во гру­па­та. Се­кој бенд си има свои ма­ни и до­бри­ни, кај нас пре­ов­ла­ду­ва­ат до­бри­ни­те, па за­тоа сѐ уште сме ту­ка. Вол­ја­та за по­до­бро утре, за прет­ста­ву­ва­ње на ед­на по­раз­лич­на сли­ка за све­тот и по­ра­ка­та се глав­ни­от дви­га­тел што нѐ во­ди се­кој ден и што ни да­ва си­ла да про­дол­жи­ме на­та­му, без раз­ли­ка на пре­пре­ки­те од фи­нан­си­ска, здрав­стве­на, ме­ди­ум­ска или ко­ја би­ло дру­га при­ро­да. Од дру­га стра­на, пак, ко­га гле­да­ме кол­ку е из­ма­мен на­ши­от на­род, до­би­ва­ме уште по­го­ле­ма си­ла да ја при­тис­не­ме ви­сти­на­та да из­ле­зе на ви­де­ли­на и да им ги отво­ри­ме очи­те на лу­ѓе­то кои сѐ уште по­тис­на­то жи­ве­ат во еко­ном­ско­то ропс­тво.

 

Ве­лат де­ка му­зи­ка­та по­вр­зу­ва, но не се­ко­ја му­зи­ка мо­же да би­де при­фа­те­на и над­вор од до­маш­ни­от ре­ги­он. Тоа не е слу­ча­јот со вас, ни­ту, пак, со ре­ге/ска-му­зи­ка­та. „Кон­кве­ринг ла­јон“ по­сто­ја­но има ус­пеш­ни на­ста­пи над­вор, а се под­го­тву­ва­те и за уште ед­на европ­ска тур­не­ја. Кол­ку сте за­до­вол­ни од тоа ка­ко ве при­фа­ќа­ат низ Евро­па?
Или­ев­ски: Ре­ал­но, сѐ уште сме но­ви за европ­ска­та сце­на, но пос­лед­на­та тур­не­ја ко­ја се слу­чи ми­на­та­та го­ди­на оста­ви си­лен впе­ча­ток кај нас, а ве­ру­вам и кај пуб­ли­ка­та во се­ко­ја зем­ја ка­де што на­ста­пив­ме. Ос­тва­рив­ме кон­та­кти со дру­ги ар­ти­сти и со про­мо­то­ри во на­ша­та бран­ша, лу­ѓе­то ги ку­пу­ваа на­ши­те ал­бу­ми, а ре­ак­ци­и­те на кон­цер­ти­те беа по­зи­тив­ни и енер­гич­ни. На Евро­па ѝ е по­треб­на ре­ге-му­зи­ка­та и по­ра­ка­та што таа ја но­си, та­ка што ве­ру­вам де­ка оваа тур­не­ја ќе би­де да­ле­ку по­ус­пеш­на од прет­ход­на­та.

 

Кол­ку, пак, од дру­га стра­на, ви е важ­но да сте до­бро при­фа­те­ни и до­ма, ка­де што, по не­пи­ша­на де­фи­ни­ци­ја, е нај­те­шко да те приз­на­ат?
Или­ев­ски: На­ша­та му­зи­ка е за на­ро­дот и се­ко­гаш ќе би­де за не­го. Мно­гу ми е жал ко­га тол­ку мал број лу­ѓе нѐ под­др­жу­ва­ат во та­тко­ви­на­та. Мо­же­би, тоа е одраз и на фа­ктот што тек­сто­ви­те се на анг­ли­ски ја­зик, но во де­неш­но вре­ме е ре­ткост да за­поз­на­еш млад чо­век што не знае ба­рем 20 про­цен­ти од анг­ли­ски­от ја­зик би­деј­ќи та­ка е на­мет­на­то од по­го­ле­ма­та свет­ска по­ли­ти­ка. Мо­же­би и са­ма­та цен­зу­ра на ра­ди­о­ста­ни­ци­те, кои не нѐ вбро­ју­ва­ат во ма­ке­дон­ска му­зи­ка, а ре­ал­но сме ма­ке­дон­ска му­зи­ка, е одраз на тоа де­ка не сме до­вол­но слу­ша­ни од до­маш­на­та пуб­ли­ка. Има не­кол­ку ва­кви пре­пре­ки кои со те­кот на вре­ме­то ќе ги над­ми­не­ме и ќе стиг­не­ме до се­чие уво во на­ша­та ма­ла зем­ја.

 

Ко­ја е глав­на­та по­ра­ка на му­зи­ка­та на „Кон­кве­ринг ла­јон“?
Или­ев­ски: Мир, љу­бов, то­ле­ран­ци­ја, единс­тво и ед­на­кви пра­ва за се­кое чо­веч­ко би­тие без ни­ка­кви пре­дра­су­ди – ни рас­ни, ни клас­ни, ни вер­ски.

 

Се­дум чле­на, се­дум раз­лич­ни енер­гии. Ка­ко функ­ци­о­ни­ра­те за­ед­но, да­ли е са­мо ра­бо­та или? Ка­ко се соз­да­ва ва­ша­та му­зи­ка?
Или­ев­ски: Се­дум раз­лич­ни ка­ра­кте­ри, но во­ед­но се­дум раз­лич­ни инс­пи­ра­ции што го ис­пол­ну­ва­ат „Conquering Lion“. Отка­ко се слу­чи­ја пос­лед­ни­те про­ме­ни, функ­ци­о­ни­ра­ме бес­пре­кор­но, има тол­ку мно­гу по­зи­тив­на енер­ги­ја на про­би­те што се сѐ дви­жи лес­но. Има огром­но раз­би­ра­ње ме­ѓу чле­но­ви­те, се­кој при­до­не­су­ва со сво­јот ин­стру­мент и со сво­ја­та инс­пи­ра­ци­ја да соз­да­де­ме но­ва му­зи­ка, во се­ко­ја пес­на се­кој си има свој уни­ка­тен дел што ја гра­ди пес­на­та. По­не­ко­гаш до­а­ѓа­ме со идеи од до­ма и са­мо ги до­пол­ну­ва­ме, по­не­ко­гаш ка­ко гром од ве­дро не­бо на са­ма­та про­ба се по­ја­ву­ва не­ко­ја иде­ја ко­ја пре­рас­ну­ва во но­ва ком­по­зи­ци­ја.

 

Го под­го­тву­ва­те че­твр­ти­от ал­бум, кол­ку со­зре­а­вте од пр­ви­от?
Или­ев­ски: Че­твр­ти­от ал­бум е на пат и би тре­ба­ло да би­де сни­мен и из­да­ден до кра­јот на го­ди­на­ва. Од пр­ви­от ал­бум, па до­се­га има­ме со­зре­а­но мно­гу не са­мо во сви­ре­ње­то и во му­зи­ка­та, ту­ку и ка­ко лу­ѓе по­се­ри­оз­но ги сфа­ќа­ме ра­бо­ти­те. На на­ши­те при­ја­те­ли и фа­но­ви им пре­по­ра­чу­ва­ме да оче­ку­ва­ат еден енер­ги­чен и по­зи­ти­вен ал­бум кој ќе би­де ша­рен во пог­лед на му­зи­ка­та, пре­ку кој ќе го оп­фа­ти­ме це­ли­от до­се­га­шен опус на „Кон­кве­ринг ла­јон“. Ка­ко за­гре­ва­ње, оваа про­лет ќе из­да­де­ме сингл за­ед­но со рап-три­о­то „Грин аут“ од Скоп­је.

 

(Разговараше: Ма­ри­на Ко­стов­ска
Текст објавен во 137. број на неделникот „Република“, 17.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top