| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ воведува три големи промени

Facebook

Промените во алгоритамот на насловната страница (News Feed) на „Фејсбук“ ќе придонесат за значаен пад на посети и активност на фан страните.

Станува збор за воведување три големи промени, а од компанијата информираат дека процесот е веќе почнат.

Повеќе од една година, голем број огласувачи и администратори на фан страни имале огромна корист од големата активност на нивните страници, а промените ќе се манифестираат со значаен пад на активноста на фан страниците, пишува „Бизнис инсајдер“.

Промените што се воведуваат:

– Корисниците на „Фејсбук“ ќе можат да видат повеќе објавувања од истиот извор на насловната. Претходниот алгоритам не го дозволуваше тоа.

– Ќе се воведе алгоритам со кој приорет добиваат содржините објавени од вашите пријатели, а не од фан страници.

– Објавувањата што вашите пријатели ги коментирале или лајкувале веќе нема да бидат видливи или ќе се наоѓаат многу ниско на почетната страница. Ова посебно ќе влијае на активноста на фан страниците, чиишто објавувања, исто така, ќе се наоѓаат долу или воопшто нема да излегуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top