Дваесет и две годишниот прилепчанец Н.Т. утрово околу 7 часот ги искршил стаклата на вратите и на големите прозорци од предната и едната страна на новата општинска зграда во Прилеп.
Според последната информација од Магдалена Димитриевска, портпарол на СВР Битола, полицијата го привела Н.Т., кој бил во алкохолизирана состојба со 1,67 промили во крвта.
Полицијата направи увид и го истражува случајот.
– Околу 6 и 45 часот изутрината со колешката работевме во просториите на зградата и одеднаш слушнавме силен и страшен звук. Се исплашивме, но кога се доближивме до надворешниот дел од зградата забележавме искршени стакла и фрлен камен. Не се огласи аларм зашто за време на нашето работење се исклучува системот. Веднаш го информиравме обезбедувањето, а тоа повика полиција, вели Наташа макешоска, хигиеничарка.
Стаклата целосно се искршени на предната страна, на сите врати и големите прозорци од страната на зградата кон паркот.
Од полицијата велат дека дополнително ќе информираат за настанот.
Фото: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијан ја тепал сопругата и децата, ги заклучил четирите деца во соба, најмалиот се оснесвестил
-
Пијан се појавил со секира пред МВР барајќи си ги децата
-
Поп се опијани и заспа на погреб, па го возеа на трактор со покојникот
-
Прилепчанец направил хаос во банка: Му сметала климата, се расправал со вработените, буткал се пред себе




