| четврток, 6 декември 2018 |

Мохамед Морси осуден на 20 години затвор

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси е осуден денеска на 20 години затвор поради апсења и насилство врз демонстранти, извршени за време на неговиот мандат.

Тој е ослободен од обвинението за поттикнување убиство на двајца демонстранти и еден новинар за време на протестите пред претседателската палата во 2012 година, за кое според повеќето експерти му се закануваше смртна пресуда.

Освен Морси, по 20 години затворска казна добија и 12 високи функционери на движењето „Муслиманско братство“, а двајца се осудени на по 10 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top