| четврток, 6 декември 2018 |

Шесто издание на детскиот ликовен конкурс „Ајде да патуваме во Европа!“

Традиционалниот детски ликовен конкурс по повод одбележувањето на 9-ти Мај, Денот на Европа. Детскиот ликовен конкурс, кој оваа година се одржува по шести пат, се организира на тема: „Ајде да патуваме во Европа!“. Рокот за доставување на ликовните творби истекува на 30-ти април (петок).

Трудовите треба да содржат детални информации за авторот (возраст и група/одделение), за детската градинка/училиштето и за одговорниот наставник. Ликовните творби треба да се достават во просториите на Општина Аеродром лично до надлежните служби во Одделението за односи со јавност.

На традиционалниот ликовен конкурс се очекува да учествуваат децата од детските градинки во Општина Аеродром, како и учениците од одделенска и од предметна настава.

Признанијата и евентуалните награди за децата од детските градинки, како и за учениците од одделенска и од предметна настава се очекува да бидат доделени на свечената академија во рамки на овогодишната прослава на Денот на Европа.

Ликовниот конкурс го организира Општина Аеродром во соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и Европското движење во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top