| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик со самострел уби професор во средно училиште во Барселона

Еден 14-годишник упаднал денеска во средно училиште во Барселона и од самострел уби професор и повреди уште најмалку четири лица, објавија шпански медиуми.

Според весникот „Мундо“, детето било подоцна приведено од полицијата. Меѓу повредените се една професорка и три ученици.

Сведоци тврдат дека детето директно влегло во својата училница и таму пукало од самострел во професорката и во нејзината ќерка, која е, исто така, ученичка во училиштето, кои се повредени. Професор од соседната училница упаднал да го спречи нападот и тогаш 14-годишниот ученик пукал и во него и го убил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top