| четврток, 6 декември 2018 |

И утре топло, попладне облачно

сонцеУтре, последниот слободен ден од велигденскиот викенд, ќе продолжи топлото време. Сончевите периоди нема да изостанат, но повторно попладне локално ќе има развој на облачност со услови за сосема локални и краткотрајни врнежи, пишува Метеопро. Поголема веројатност за развој на нестабилост има во делови од источниот и југозападниот регион.

Минималната температура нема да падне под нулата, туку ќе има вредност околу 4°С во поголем дел од котлините низ земјава. На повисоките места најниската температура ќе биде околу 1°С. Повторно највисока дневна температура се очекува долж повардарието, во границите од 20°С до 23°С. Низ останатите краишта низ земјава максималната ќе биде околу 18°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top