| четврток, 6 декември 2018 |

Волстрит со најлоша сезона од 2009 година

130811_wall_street_ap_605Волстрит во првиот овогодишен квартал ја забележува најлошата сезона на заработки од 2009 година наваму, јавува Ројтерс. Бројни компании на почетокот на годинава забележаа слаби резултати во светлото на јакнењето на доларот, падот на цената на нафтата и студената зима, а првата компанија која неофицијално ја отвори сезоната на соопштување квартални резултати е производителот на алуминиум Алкоа.
Следната недела се очекуваат сооппштенијата на  „ЈП Морган Чејс“ и на другите банки, како и на компанијата Џенерал Електрикс.
Аналитичарите кои учествувале во анкетата на Ројтерс проценуваат дека заработката на компаниите чии акции влегуваат во состав на американскиот берзански индекс СиП 500, во првиот квартал е намален за 2,8 отсто на годишно ниво, што, доколку се реализира, би значело дека овогодишното прво тримесечје е резултатски најслабо од третиот квартал на 2009 година.
Индексот СиП 500 во март ослабе за 1,7 отсто, но од почетокот на годината зајакна 0,8 отсто.

Аналитичарите најголем пад на заработките прогнозираат за компаниите од енергетскиот сектор, но послаби резултати се очекуваат и во останатите сектори на стопанството. Довербата на инвеститорите и покрај тоа е во пораст, благодарение на оптимизмот дека американската управа за федерални резерви (Фед) на уште некое време ќе го одложи првото подигање на каматните стапки во оваа деценија. Од 128 компании кои учествуваат во индексот СиП 500, 105 очекуваат пад, а само 17 раст на заработката во првиот квартал.

Од тие 105 претпријатија 69 како причина за слабите резултати го навеле силниот долар, кој во првиот квартал зајакнал за девет отсто во однос на кошничката други валути и кој го намалува профитот на амариканските комапнии во странство, кога ќе се конвертира во долари. Енергетските компании во составот на СиП 500 забележале пад на профитот од 64 отсто на годишно ниво, проценува Ројтерс, пред се поради стрмоглавиот пад на цената на нафтата за околу 50 отсто од јуни минатата година. Не сметајќи го енергетскиот сектор, зарабтката на компаниите од индексот СиП 500 веројатно пораснала за 5,4 отсто во првиот квартал, додава агенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top