| четврток, 6 декември 2018 |

Блиска средба на руски и американски воен авион

Руски воен авион Су-27 пролета покрај леталото за извидување RC-135 на американската војска над Балтичкото море, што Пентагон го оцени како провокација од руска страна.

avion

Како што соопшти Пентагон, американскиот авион летал по вообичаена рута, а рускиот ловец пролетал толку близу што замалку не дошло до судар.

– Американски RC-135U се движеше по својата вообичаена рута низ меѓународниот воздушен простор кога го пресретна руски Су-27 на небезбеден и непрофесионлен начин“, соопшти Пентагон.

САД го третираат случајот како ицидент и ја контактирале руската страна „преку соодветни дипломатски и официјални канали“.

Американската војска соопшти дека сухојот пролетал на само шест метри од ненаоружениот извидувачки авион.

– Во прашање е безобзирен маневар, кој загрози човечки животи и авиони“, оцени Пентагон.

Американскиот авион бил на задача на надгледување на руските воени позиции на западот на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top