Полските судии Богдан Леманович и Марек Барановски ќе му судат на ЖРК Вардар на гостувањето во Унгарија против Ѓер, во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Првиот меч го добија вардарки со 24-18, па во „Ауди арена“ во Ѓер ќе бранат 6 гола предност во сабота од 16,30 часот.
Делегати на ЕХФ на мечот во Ѓер ќе бидат Јанка Стасова од Словачка и Пер Мортен Содал од Норвешка.
Победникот од овој дуел обезбедува пласман на фајналфор турнирот од ЛШ во Будимпешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.