Урагански ветер денеска парализира некои реони во хрватската област Далмација, каде заради бурата беа затворени делници од автопатот и мостови и беа откажани редовните фериботски врски по јадранското крајбрежје, информира загрепскиот весник „Јутарњи лист“.
Во областите Лика и Горски Котар, во северниот дел на земјата, врне снег.
Заради лошото време има опасност од појава на свлечишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.