Истрагата за катастрофата на авионот на Ер Алжир во јули минатата година во Мали, во која загинаа 116 лица од кои 54 француски државјани се должи на пилотска грешка, заклучи Бирото за истраги и анализи на цивилната авијација (БЕА), јавува дописникот на МИА од Париз.
Според она што беше објавено во Париз, екипажот на авионот не го активирале системот за заштита на сондите за притисок и истите поради тоа не функционирале.
Од првата анализа за авионот МД-83 на Ер Алжир кој се распрсна при падот на тлото, се гледа дека откако авионот се искачил на 31000 фити, од снимените параметри на моторите се гледа дека најпрво десниот мотор, а потоа и левиот 55 секунди подоцна добивале погрешени информации.
„Ова е последица на замрзнување на сондите за притисок кој се наоѓаат на врвот од носот на моторите“ – се вели во соопштението на БЕА, според бирото ова е најверојатно поради грешка на пилотите, кои според снимените податоци не го активирале системот при искачувањето на авионот.
БЕА потстетува дека замрзнувањето на сондите води до давање на неточни информации до автоматскиот пилот, кој ја ограничува потсината сила на моторите, што води до забавување на авионот. Дваесет секунди по почетокот на падот на авионот, автоматскиот пилот е исклучен. Авионот започнува да паѓа налево достигнувајќи 140 степени и потоа пикира под 80 степени.
Од анализата се гледа дека пилотите не се обиделе да го исправат авионот, кога тој започнал да паѓа. Истрагата и анализата на снимените параметри на летот продолжува и понатаму, за да се дознае реакцијата на екипажот, со оглед дека црната кутија на која беа снимени разговорите во кабината било невозможно да се се анализира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.