| четврток, 6 декември 2018 |

Индира Кастратовиќ: Ваква публика посакувавме цела година

Тренерот на ЖРК Вардар по натпреварот со Ѓер во Скопје во кој вардарки славеа висока победа со шест голови разлика (24-18) видно расположена од резултатот и играта се заблагодари на прекрасната атмосфера од страна на публиката која како никогаш досега ги побреше ракометарките. Таа во продолжение додаде дека ништо не е завршено и дека сепак црвено-црните ги очекува тежок меч во Ѓер.

– Оваа е таа публика што ја чекавме цела година. На крилата на симпатизерите ја остваривме оваа многу значајна победа со шест голови разлика. Ова е само прво полувреме. Не очекува реваншот следната недела. Работевме многу претежно на одбраната да примиме што помалку голови им честитрам на девојките што го реализираа тоа. Имавме проблеми во нападот кога противникот заигра 5-1 во одбрана и на тоа ќе работиме цела недела. Мора да се отстранат сите грешки и поподготвени да патуваме на реваншот кој се игра за седум дена. Од утре веќе со мирни глави се подготвуваме за тоа што не очекува во Ѓер – изјави првиот стратег на вардарки, Индира Кастратовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top