| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Соработката со Израел е чиста како солза

2Во однос на случајот со Република Израел, освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, за него лично не говорам, затоа што очигледно овој човек не знае што значи тоа срам, би сакал да го кажам следново. Република Израел има одлични пријателски и партнерски односи со нашата земја, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме, рече Груевски на анродниот собир во Тетово.

– Во рамки на таа соработка државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди,…. остајте за нас, туку и за нашите пријатели од државните институции од Израел. Без ронка срам човекот кој најави дека кога ќе дошол на влас ќе избркал од работа се од чистачка до министер и ќе си оставел нови од СДСМ, ги наклевети сите, вклучително и претставниците од министерството за одбрана на Израел кои замислете ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци, срамно и крајно штетно за државата….обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас. Значи, Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој кловн го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин. Заев издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели. И утре ваков човек или тие околу него ќе сакаат да водат држава. Овие не може да водат ни оро а камо ли држава. Па кој сакате после вакви крупни гафови да ги сфати сериозни и да соработува со нив, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top