Седум лица се ранети, од кои на три состојбата лекарите ја оценуваат како критична по престрелка којашто се случила на пролетна студентска забава во приватна куќа, соопшти полицијата на американската сојузна држава Флорида.
Според податоците на локалната полиција, инцидентот се случил во саботата градот Панама-Сити-Бич, а полицајците добиле неколку повици од очевидци дека се слушаат пукотници од еден приватен дом.
Според Associated Press, засега нема информации за жртви, но болнички извори потврдиле дека состојбата на тројца од ранетите е критична. Еден од нив е погоден во главата, а другите се повеќепати застрелани.
Засега е познато дека е притворен 22-годишен маж, осомничен дека отворил оган, кај кого е пронајден пиштол од кој најверојатно било пукано. Тој потекнувал од универзитетот во сојузната држава Алабама, пренесува телевизиската мрежа NBC News.
Повеќето ранети се студенти од универзитетот Алабама A&М кои престојувале во одморалиштето Панама-Сити-Бич за време на пролетниот распуст, се додава во соопштението на полицијата.
Локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека инцидентот се случил во текот на студентска забава. Најверојатно причината за пукањето произлегува од семејно насилство, се наведува во медиумските извештаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст