| четврток, 6 декември 2018 |

Изјавата на Путин со која ја шокираше нацијата, но и светот

putinВладимир Путин неколку пати бил запрашан какви се неговите планови по претседателските избори во 2018 година, но неговите одговори секогаш биле двосмислени.
– Кој и да биде претседател во 2019 година, ќе присуствува на Светскиот шампионат во вештини, биле зборовите со кои шефот на руската држава денес ја изненадил својата нација, но и остатокот од светот.
putin-izjava1
Путин оваа изјава ја дал по повод давањето поддршка за организаторот на ова натпреварување во 2019 година, но неговите зборови одекнале многу посилно бидејќи индиректно сугерирал дека некој друг би можел да стане шеф на Кремљ.
– Случката за која зборуваме е закажана за 2019 година, а претседателските избори во Русија се во 2018 година. Но, убеден сум дека, кој и да биде глава на нашата држава, ќе му биде задоволство да учествува на овие случувања – рекол Путин.

Според најновите истражувања на јавното мислење, кое го спровело центарот „Левада“, дури 85 проценти од Русите се задоволни од работата на Путин, а доколку изборите се одржат утре, 74 проценти од граѓаните би гласале токму за Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top