| четврток, 6 декември 2018 |

Солистите од германската опера, Олег Брижак и Марија Раднер, меѓу загинатите во паднатиот авион

Двајца пејачи на Германската опера Диселдорф.Дузибург, Олег Брижак и Марија Раднер, се меѓу загинатите во падот на авионот „Airbus 320“ на нискобуџетната германска воздухопловна компанија „Germanwings“, објави на Twitter новинарот на германскиот весник Bild, Гоне Гарлинг, а потврди подоцна и Операта во Барселона.

Педесет ичетиригодишниот бас-баритон Олег Брижак и 33-годишната Марија Раднер, контраалт, ги толкувале улогите на Алберих и Ерда во операта „Зигфрид“ на Рихард Вагнер во театарот „Gran Teatre del Liceu“ во Барселона, а во понеделникот се враќале во својата матична оперска куќа во Диселдорф.

Во падот на авионот загинал и сопругот на Раднер и нивното бебе. Марија Раднер, родум од Диселдорф, стана светски позната во 2012 година благодарејќи на настапите во Вагнеровата опера „Самракот на боговите“ во њујоршки „Metropolitan“. Истата година настапуваше и во миланската „Scala“ и во Кралската опера во Лондон.

Брижак по потекло е од Казахстан, а во 1996 година ѝ се приклучил на операта во Диселдорф. Во текот на кариерата настапувал во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Минхен, Сао Паоло, Токио, Лос Анџелес и Чикаго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top