| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка криза во банка во Турција

­ Маж вооружен со пиштол синоќа како заложници задржа седуммина банкарски службеници во една банка во источната турска провинција Ван, јави електронското издание на весникот „Сабах“.

Според весникот, во текот на вечерта напаѓачот ослободил тројца од заложниците, меѓу кои и една бремена жена.

Полициски извори соопштија дека за ослободување на заложниците, киднаперот побарал да му бидат исплатени 500.000 турски лири (околу 195.000 американски долари) и да му биде обезбеден хеликоптер за бегство.

Гувернерот на Ван, Ибрахим Ташјапан изјави дека напаѓачот се решил на ваков чин затоа што му биле потребни пари за лекување на неговото болно дете.

„Сабах“ наведува дека полицијата ги продолжува преговорите со киднаперот со цел да го убеди да ги ослободи заложниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top