Социјалната мрежа „Фејсбук“ претстави нова функција, која ќе ви даде можност да им испраќате пари на вашите пријатели со притискање едно копче во „Месинџер“.
Од оваа услуга први ќе имаат корист во Соединетите Американски Држави (САД).
– Додадовме нова функција во „Месинџер“, која им обезбедува на луѓето поудобен и посигурен начин на испраќање или примање пари помеѓу пријатели. Услугата е лесна и безбедна и ќе биде достапна за неколку месеци во САД – се вели во пораката од „Фејсбук“, која ја пренесоа светските медиуми.Функцијата ќе биде изведена преку апликацијата „Месинџер“, а корисниците ќе поврзуваат дебитни картички со апликацијата и ќе имаат активно копче „$“, кое откако ќе се притисне, ќе треба да се воведе износот што сакате да им го испратите на своите пријатели. Услугата може да биде извршена од паметен телефон или компјутер.
За да ги добиете парите што пријателот ви ги праќа единствено што треба да се направи е да се кликне на „Add Card“ и да се додаде дебитна картичка за да го прифатите износот. Парите ќе бидат на располагање во рамките од еден до три работни дена од моментот на испраќање, во зависност од вашата банка, исто како што е и со другите депозити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.