| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради фабрика за производство на чипс во Битолско

cips

Турската компанија Chelmak Agricultural Machinery  купила градежна парцела во индустриската зона Жабени, во Битола, со вкупна површина од 24.000 м2. Компанијата ќе гради погон за производство на земјоделска механизација. Според премиерот Никола Груевски се очекува производството да започне до крајот на 2015 година. Предвидени се повеќе фази, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра, и вработување на 150 лица во три години.

Во Кравари, Битолско, се планира инвестиција во најсовремена фабрика за производство на чипс во регионот која ќе извезува во цела Европа и ќе обезбеди вработувања на над 100 лица. Купена е парцелата, фабриката ќе започне со производство во текот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top