| четврток, 6 декември 2018 |

Во пожар во Бруклин загинаа најмалку седум деца

Седум деца погинаа во пожар што рано утринава избувна во еден стан во Бруклин, соопштија претставници на локалната власт.

Настраданите деца се на возраст меѓу пет и 15 години и се верува дека се членови на едно семејство, извести телевизијата „Фокс њуз“.

Портпаролот на њујоршката противпожарна служба, Џим Лонг, изјави дека во пожарот има и две повредени лица и дека нивната состојба е критична.

Повеќе од 100 пожарникари  учествуваа во гасењето на пожарот во авенијата Бедфрод, додаде Лонг.

Засега нема информации за причината за пожарот, а истрага е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top